Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Прилози

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Над 7.000 медицински сестри недостасуваат во македонскиот здравствен систем за да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 7.000 медицински сестри недостасуваат во македонскиот здравствен систем за да ги достигне основните европски стандарди. Проблемот, велат од сестринските здруженија, не е само во платите. Медицинските сестри во Македонија сè уште немаат сопствен закон, немаат лиценцирање преку своја комора и, според нив, немаат доволно јасно институционално место во системот.

„Не се само личните доходи причината за нешто. Значи, таа здрава работна околина која го прави кариерниот развој и образовните квалификации, договорите на дело, неконтинуираните конкурси, статусот во болниците на додатоци на плата на непризнаено образование, неможност за авторитетивност во болниците, неможност за институционална празнина без неозаконети, нелиценцирани“, вели Гордана Бешлиовска, претседател на Здружението за медицински сестри на Македонија.

Од Здружението на медицински сестри потенцираат дека ова влијае врз кариерниот развој и задржувањето на кадарот. Во стационарниот сектор недостигот достигнува половина од потребниот среден кадар, а одливот продолжува. Според неофицијалните податоци со кои располагаат сестринските здруженија, околу 2.000 медицински сестри заминале од државата, а по ковид-пандемијата, велат, издавале и по стотина потврди месечно на сестри кои заминувале во странство. Но, дел од сестрите не заминуваат само од државата, туку и од професијата.

Реклама

„Во Агенцијата за вработување ќе видите сестри кои чекаат за вработување, всушност, не постојат. Тоа се сестри кои или ја промениле професијата или заминале во странство. И тоа е во моментов и најпопулистичко заминување од професијата. Тоа е тоа што многу нè загрижува. Сестри кои имаат стаж, кои имаат искуство, заминуваат. Искуство, заменуваат професијата и ги видите во сосема други области, во козметички салони, во угостителство“, вели Бешлиовска.

Медицинските сестри предлагаат болниците во Македонија, по примерот на околните земји, континуирано да имаат отворени конкурси за вработување на медицински сестри. Во моментов во државава има вкупно 9.200 медицински сестри.