Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Студенти по историја од Брисел во посета на Пустец, Стерјовски од МАЕИ ги запознал со историјата и современите предизвици на македонската заедница во Албанија

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец имал средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија во рамки на својата студиска посета. МАЕИ соопшти дека целта на средбата била студентите директно да се запознаат со историјата, положбата и современите предизвици со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија.

-Стерјовски пред студентите го презентираше историскиот контекст на создавањето на албанската држава и развојот на статусот на македонското население во Албанија низ разни историски периоди. Посебен дел од разговорот беше посветен на современата положба на Македонците, остварувањето на нивните права и предизвиците поврзани со зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет, се наведува во соопштението. 

Средбата продолжила со  дискусија во која студентите покажале особен интерес за прашањата поврзани со правата на Македонците во Албанија, нивната политичка и општествена положба, како и механизмите за заштита и унапредување на правата на националните малцинства, 

Реклама

-Една од темите на разговорот беше и прашањето за влијанието на Бугарија врз македонската заедница во Албанија. Стерјовски ги изнесе своите ставови за активностите и политиките преку кои, според него, Бугарија го зголемува своето влијание врз Македонците во Албанија, вклучително и преку можностите што ги создава нејзиното членство во Европската Унија. Според Стерјовски, овие активности отвораат сериозни прашања во однос на зачувувањето на македонскиот национален идентитет и спротивставувањето на процесите на асимилација, информира МАЕИ.

Во разговорот било истакнато и значењето на директниот контакт меѓу студентите, истражувачите и претставниците на македонската заедница, особено во услови кога прашањата поврзани со националните малцинства често се разгледуваат од различни историски и политички перспективи.

-Ваквите средби со млади историчари се особено значајни затоа што им овозможуваат директно да се запознаат со историјата, реалноста и современите предизвици на македонската заедница во Албанија, надвор од стереотипите и едностраните толкувања, истакнува Стерјовски.

МАЕИ во соопштението додава дека средбата во Пустец претставувала можност за студентите од Брисел одблизу да се запознаат со животот на македонската заедница во Албанија и со прашањата што се од значење за нејзиното зачувување и развој.