Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Отворени „Органска трпеза 2026“ и „Агромак 2026“ во Куманово

– Во Куманово започнаа деветтото издание на меѓународниот саем на органски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Куманово започнаа деветтото издание на меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтото издание на саемот за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агромак 2026“.

На просторот пред спортскиот комплекс „Базени“, бројни излагачи од Македонија и земјите од регионот ги претставија своите производи, технологии и услуги. Организатори на саемите се Здружението „ЖИВОТ“ од Куманово и Комората на органски производители на Македонија – КОП.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, го отвори саемот и кажа дека органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето.

Реклама

-Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција-истакна министерот Серафимовски. 

Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи.

-Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет-порача министерот Серафимовски.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски оцени дека „Органска трпеза“ од година во година прераснува во значајна платформа за промоција на домашното производство, земјоделството и прехранбената индустрија, како и за нивно поврзување со регионалните и европските пазари. Тој посочи дека Царината работи на создавање подобри услови за производителите и компаниите, со фокус на побрзи, поедноставни и попредвидливи царински постапки, усогласени со европските стандарди.

– Во изминатите две години сериозно го модернизираме царинското работење, воведуваме современи европски системи и ги модернизираме граничните премини. Оваа година продолжуваме и со проект за целосна автоматизација на граничните царински терминали и воведување паметни граници. Модернизацијата на царинските процедури има вистинска вредност доколку производителите и трговците ги почувствуваат директните придобивки преку побрзо и посигурно пласирање на производите на домашниот и меѓународниот пазар-рече Николовски.

Според него поддршката на легалната трговија е еден од приоритетите на Царинската управа, при што спречувањето на нелегалната трговија е важно и за заштита на конкурентноста на домашните производители, посочувајќи дека скратените административни процедури за малите производители оставаат простор за реализација на нивната суштинска дејност производството, развојот и освојувањето нови пазари.

Тој додаде дека олеснувањето на легалната трговија мора да оди заедно со заштитата на безбедноста и доследното спроведување на законите.

– Борбата против нелегалната трговија е и борба за оние кои работат чесно, произведуваат квалитетно и ги почитуваат правилата. Нашата цел е јасна, да создадеме средина во која легалниот бизнис има услови да расте, а правилата важат еднакво за сите-нагласи Николовски.

Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека е задоволство што саемот во Куманово привлекува излагачи од земјите од регионот.

Претседателот на Комората на органски производители, Драган Цветковиќ смета дека суштината на саемот е поврзувањето на производителите од различните земји.

– Целта на саемските манифестации е промоција на производи и услуги, воспоставување деловни контакти, размена на искуства и знаења и отворање можности за нови партнерства и соработка во земјоделството, производството на храна, преработувачката индустрија и сродните области-изјави Цветковиќ.

Двата саема ќе траат три дена и годинава се поставени како регионална платформа што, покрај земјоделството и производството на храна, опфаќа млади и практични вештини, гастрономија, туризам, екологија, планинарство, пчеларство, сточарство, ракотворби, традиција, наука, технологии и деловно поврзување.