Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Учество на грчки експерти на Националниот семинар за безбедност на животната средина  (NESS) на Северна Македонија, во рамки на Европската програма за збратимување (Twinning Project)

Со учество на грчки и шпански експерти за прашања од областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со учество на грчки и шпански експерти за прашања од областа на животната средина, вчера (30.09.2026) во Скопје, во Клуб на Пратениците, се одржа Националниот семинар за безбедност на животната средина (NESS) на Македонија, во рамки на Европската програма за збратимување (Twinning Project), на тема „Зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животна средина“.

Учеството на грчките експерти на семинарот е дел од продолжувањето на секторската соработка меѓу Грција и Македонија во рамките на меѓународните организации. Програмата за збратимување на Европската Унија претставува институционална алатка за соработка меѓу јавните администрации, со цел зајакнување на административниот капацитет, пренос на експертиза и поддршка на реформите за усогласување со европското законодавство, особено во земјите кандидати и потенцијалните кандидати, како што се земјите од Западен Балкан.

Од грчката страна, на семинарот учествуваа висок претставник од Министерството за животна средина и енергетика, како и двајца високи претставници од Дирекцијата за животна средина, индустрија, енергија и природни ресурси при регионот Централна Македонија.

Реклама

На почетокот на програмата, поздравно обраќање упати министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија, Муамет Хоџа. Од страна на Амбасадата на Грција во Скопје, на настанот се обрати вршителката на должноста амбасадор, Христина Василату.

Г-ѓа Василату, меѓу другото, истакна дека „ефикасното управување со животната средина бара заедничка одговорност, правилна примена на регулаторната рамка и континуирана прекугранична соработка. За Грција, регионалната соработка во областа на животната средина на Балканот претставува и еколошка неопходност и стратешки приоритет“. Таа додаде: „Европските алатки, како што е оваа соработка во рамки на Twinning, покажуваат дека искористувањето на нашата техничка експертиза, размената на најдобрите институционални практики и усогласувањето со стандардите на Европската Унија во областа на животната средина носат опипливи резултати во корист на благосостојбата и безбедноста на сите наши граѓани“.

Соработката меѓу Грција и Македонија веќе започна со мисијата на грчки експерти за прашања од областа на контролата на животната средина во рамките на TAIEX – алатката на Европската Унија која обезбедува техничка помош и експертиза за земјите што настојуваат да ги усогласат своето законодавство, институциите и административните практики со стандардите на ЕУ. Директните канали на комуникација меѓу јавните администрации придонесоа за градење доверба и постигнување практични резултати.