Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко останува во притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против Д.Ј. од Кочани, по произнесување  на осомничениот, во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите приложени кон предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Притворот е определен поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривичната постапка (ЗКП), односно поради постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. 

Мерката притвор започнува да се извршува од 03.10.2026 година, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува мерка притвор во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Реклама

Во новоотворената истрага, за која е предложен притворот, Д.Ј. е осомничен дека сторил кривично дело „Давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Имајќи предвид дека осомничениот, мерката притвор, определена во предметот „Пулс“, ја издржуваше во КПУ Затвор Куманово, со оглед да првично му беше определена од Основниот суд Кочани, сега истиот ќе биде префрлен на издржување на ново определената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство.

Во однос на предлогот на одбраната на Д.Ј. за укинување на претходно определената мерка притвор во предметот „Пулс“, со определување гаранција во износ од околу 200.000 евра во недвижен имот, истата од страна на одбраната денеска е повлечена, а со оглед да согласно Законските одредби овој притвор може да трае една година по оценување на обвинителниот акт, истиот истекува во текот на утрешниот ден.

Против решението на судијата на претходна постапка со кое е определена мерката притвор, одбраната има право на жалба по која одлучува Кривичниот совет, наведуваат од Основниот кривичен суд Скопје.