Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Втор ден „Текстилијада“ во Штип

Во изминатите десет години преку „Текстилијадата“ се информираа граѓаните, институциите, работниците, сопствениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите десет години преку „Текстилијадата“ се информираа граѓаните, институциите, работниците, сопствениците на капитал, каква е состојбата и кои се потребните промени во текстилната индустрија, истакна во својот говор градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на конференцијата „Гласен Текстилец“ и партнерите, по повод 10. годишниот јубилеј на манифестацијата.

Јорданов во своето обраќање рече дека  можеби некој ќе каже дека повторно има неправда, повторно има непочитување на работничките права, дека состојбата во текстилството е од година во година полоша и полоша. Но, како што рече, евидентно е дека кога гласно се зборува и кога проблемите се изнесуваат, се креира притисок за решавање на овие проблеми. 

-Но, промените не зависат само од тоа дека гласно треба да зборуваме, туку од тоа дали сите чинители кои ќе бидат вклучени во овој дијалог ќе бидат одговорни по завршување на овој дијалог.  ​Можеби Штип нема да создава развој од текстилниот сектор во иднина, но капиталот во текстилниот сектор – човечки, финансиски е тој кој што треба да го развие градот- рече Јорданов. 

Реклама

​Претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева во своето обраќање пред партнерите рече дека „Текстилијадата“ за нив не е само уште еден настан, бидејќи како што рече „природно е да се навратиме назад после 10 години работа, да видиме што сме промениле и што треба понатаму да се прави“.

​-Почнавме многу едноставно пред 10 години, бидејќи требаше конечно некој да зборува за проблемите кои што се таложеа со децении и за кои никој не разговараше. Од конкретни проблеми, од отпуштен работник, дискриминирана работничка, од страв да се пријави некоја неправда до институциите, од недоверба во тие институции. Немавме тогаш план каде сакаме да бидеме после 10 години, меѓутоа знаевме само дека мора да почне да се зборува и да се работи на овие проблеми. Ете, од тие први случаи се развиваше и се градеше организацијата- рече Ампева.

Таа истакна дека од страна на партнерите добиле доверба.

Инаку, на почетокот на конференцијата се прочита и поздравната телеграма на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова по повод одбележувањето на 10 годишниот јубилеј на манифестацијата „Текстилијада“.