Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Прилози

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Најлош облик на примитивизам, тешка фрустрација, нервоза, некултура. Бура реакции во јавноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најлош облик на примитивизам, тешка фрустрација, нервоза, некултура. Бура реакции во јавноста за говорот на Венко Филипче и неговите навреди и закани кон премиерот Мицкоски, кого го нарече идиот, а сопартијците ќе ги газел како шлепер, жаба. Никој нема разбирање за вчерашниот испад на лидерот на СДСМ. Навредливите зборови кои ги употреби Филипче, според дел од упатените, уште долго ќе одекнуваат поради недостатокот на елементарна култура во политичкиот дијалог. Новинарот Бранко Геровски во настапот на Филипче препознава нервоза и фрустрација, но тоа, вели, е помалиот проблем. Поголемиот, според него, е дека СДСМ ќе продолжи да тоне. Затоа смета дека, за да не ја дозакопа, мора да си поднесе оставка.

„Целиот СДСМ како опозициска партија која е во опаѓање е погон за производство на некакви дневни соопштенија, прес-конференции, со српски потпис, еве гледаме, Филипче не само што ги напаѓа луѓето безочно, туку буквално ги резили, брука и луѓето кои седат околу него на сцената, кои се, во принцип, пристојни луѓе, барем дел од нив… Во 1998 година, кога Црвенковски ја кажа таа метафора, СДСМ изгуби и жабата го победи шлеперот. Ќе се обиде да ги прегази противниците со груба манипулација, со груба игра. Не верувам дека ќе успее, но и да успее, што фајде ќе има од тоа“, изјави аналитичарот Бранко Геровски.

Дел од поранешните функционери во СДСМ критикуваат дека ваквиот испад на Филипче е најтежок вид на примитивизам, што не штети само на партијата, туку воопшто на државата. Некогашната претседателка на скопскиот огранок на СДСМ, Софија Куновска, исто така смета дека Филипче треба веднаш да си даде оставка.

Реклама

„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше „магарешки стапови“ по прес-конференции. И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија, ѝ е потребно веднаш да се спакува од Бихаќка и да си замине“, објави Софија Куновска, поранешна претседателка на скопскиот огранок на СДСМ.

Поранешниот партиски член во СДСМ, Ивор Мицковски, е убеден дека реакцијата на Филипче е одраз на човек кој се обидува да глуми политичар.

„Да се разбереме, „политичар“ или човек несреќно што се продава за таков, станува вулгарен или вреѓа друг, исто ставен да глуми политичар, само кога ќе осети притисок дека е разоткриен оти соработуваат, кога нема никаков авторитет ниту харизма и кога генерално нема аргументи, ниту политики, туку мора да вреѓа“, објави Ивор Мицковски.

Од Платформата, пак, најавија структурни промени и реформи во СДСМ, кои треба да опфатат кадровска, програмска, организациска и генерациска трансформација. Игор Ивановски најави окрупнување на опозицискиот фронт.