Реклама

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Прилози

Мицкоски: Макдеонија не треба да е набљудувач на технолошката револуција, треба да е активен учесник

Вештачката интелигенција веќе не е прашање за иднината. Таа денес менува цели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција веќе не е прашање за иднината. Таа денес менува цели индустрии и отвора нови бизнис можности, а Македонија не треба да остане само корисник на новите технологии, туку да создаде услови за домашните идеи да прераснат во компании што ќе се натпреваруваат и на странските пазари, порача премиерот Христијан Мицкоски на самитот „Стартап Револуција“ во Скопје.

„Не треба да бидеме неми набљудувачи на новата технолошка револуција, треба да бидеме активен учесник во создавање на истата. И токму новата економија ни покажува дека тоа за една мала држава воопшто не е недостижна амбиција. Затоа што во економијата на занењето, географијата станува помалку важна, а талентот, образованието, брзината, креативноста и способноста една добра идеја да се претвори во производ, стануваат поважни од големината на територијата или бројот на жители на таа држава“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од Владата посочуваат дека нивната задача е да создадат средина за домашните идеи да можат да се развиваат во производи, компании и бизниси што ќе излезат и надвор од земјава. Фокусот треба да биде создавање на современа дигитална инфраструктура, подобри и побрзи јавни услуги, поквалитетно образование и полесен пристап до капитал и меѓународни пазари. Премиерот Мицкоски, посочи дека големината на домашниот пазар не смее да ја ограничува амбицијата на претприемачите, бидејќи успешниот стартап уште од почеток треба да размислува и за европскиот и светскиот пазар.

Реклама

„Нашата задача како Влада е тој потенцијал да не остане само потенцијал, туку да создадеме средина во која знаењето ќе стане производ, производот компанија, а компанијата меѓународна успешна приказна. Но државата има друга важна обврска да создаде услови во кои добрата идеја ќе има реални шанси за да успее. Тоа значи современа дигитална инфраструктура, подобри и побрзи јавни услуги, квалитетно образование, пристап до капитал, поврзување со инвеститори и меѓународни пазари.“, изјави премиерот.

Амбицијата е потенцијалот на домашните стартапи да не остане само на ниво на идеја. Со подобра инфраструктура и пристап до капитал, Владата очекува повеќе иновативни решенија да се развиваат токму тука, а потоа и на глобалниот пазар.