Македонскиот народен театар, на 7 октомври, со почеток во 19.00 часот, ќе биде домаќин на „Од другата страна“ – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото Поетроника.
-Новите софистицирани звучни таписерии на Поетроника се создадени во соработка со врвни музички уметници од различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали.
Промоцијата ќе се одржи во живо на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар, која со овој настан повторно се отвора како простор за музички и уметнички содржини.
Влезот за настанот е бесплатен.

