Реклама

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Економија

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување

Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит, во чиј фокус ќе бидат конкретните чекори за продлабочување на регионалната енергетска соработка, забрзување на инфраструктурните проекти и зајакнување на сигурноста и отпорноста на енергетските системи.

Според Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), средбата е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат повеќе да се гледаат само како национални, туку како заеднички регионални приоритети.

Како да се усогласат капацитетите, притисоците и режимите на работа на преносните системи, како да се олесни прекуграничниот транспорт и како регионалните инфраструктурни проекти побрзо да се претворат во функционални енергетски врски, ќе бидат меѓу клучните теми на вториот министерски самит.

Реклама

– Во Атина беше нагласена потребата од подобра прекугранична поврзаност, интеграција на енергетските пазари и побрза реализација на стратешката инфраструктура. Оттогаш, дел од клучните иницијативи веќе преминаа од планови кон конкретна реализација. За Македонија, особено значајни се двата гасни интерконектори – со Грција и со Србија. Интерконекторот Македонија–Грција е еден од стратешките проекти за диверзификација на снабдувањето со природен гас и отворање пристап до повеќе извори и правци преку грчкиот систем, вклучително и LNG инфраструктурата. Проектот има планиран почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за зголемување согласно идните потреби на пазарот, а изградбата на двете страни е во тек со цел проектот да биде завршен во 2027 година. Истовремено, Македонија веќе направи конкретен чекор кон новото енергетско поврзување со Србија. Во септември беше потпишан договорот за проектирање и изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во вредност од 29,4 милиони евра. Делницата на македонска територија ќе биде долга 22,4 километри, со двонасочен проток и капацитет од 1,4 милијарди кубни метри годишно, наведува МЕРМС.

Според Министерството, со реализацијата на интерконекторот меѓу Македонија и Србија, двете земји ќе прераснат во важен транзитен коридор за природен гас во регионот. Поврзувањето на јужните извори на снабдување преку Грција со пазарите во Централна Европа ќе овозможи поголеми транзитни текови, нови приходи од користење на инфраструктурата, зголемена енергетска сигурност и дополнителни економски придобивки за граѓаните и стопанството. Истовремено, Македонија по повеќе од три децении ќе ја зајакне својата улога не само како земја потрошувач, туку и како земја низ која ќе се одвива регионален енергетски транзит.

Македонија и Србија стануваат дел од Вертикалниот гасен коридор

Како што потсетува МЕРМС, особено значаен чекор во меѓувреме е и проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан. Во септември НОМАГАС и „Transportgas Srbija“ потпишаа Меморандум за проширување на иницијативата, со што Македонија и Србија се приклучија кон регионалната мрежа што ги поврзува Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина и Молдавија. Целта е да се овозможат поголеми и пофлексибилни прекугранични текови на гас, подобро искористување на постојната инфраструктура и отворање дополнителни можности за снабдување од југ кон север.

Во рамките на иницијативата веќе се работи на техничка и комерцијална координација, капацитетите на интерконекциските точки и потребните инфраструктурни инвестиции, информираат од МЕРМС.

Од гасна сигурност до модернизација на електроенергетските мрежи

-Регионалната соработка нема да биде ограничена само на гасниот сектор. На вториот самит ќе се разговара и за сигурноста на снабдувањето со електрична енергија, состојбата и подготвеноста на преносните системи, размената на електрична енергија, развојот на обновливите капацитети и складирањето енергија, вклучително и батериски системи и пумпно-акумулациони хидроелектрани. Ова е особено важно во услови на забрзан раст на обновливите извори во регионот, бидејќи новите соларни и ветерни капацитети бараат посилни мрежи, поголема флексибилност и можност произведената енергија да се складира и пренесува таму каде што е потребна, оценуваат од Министерството.

Паралелно, четирите земји ќе ја разгледаат и понатамошната интеграција на регионалните пазари на електрична енергија, како и можностите за заедничко справување со ризиците и предизвиците во снабдувањето.

-За Македонија, ваквата регионална координација е особено важна бидејќи истовремено се реализираат повеќе стратешки енергетски проекти – од интерконекторите со Грција и Србија, преку приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, до модернизацијата на преносната мрежа и развојот на системи за складирање енергија. Целта на регионалната соработка е инфраструктурните проекти да се реализираат со поголема координација меѓу институциите и операторите. Вториот министерски самит во Србија ќе биде можност договорените регионални приоритети од Атина да добијат уште поконкретни рокови, координација и чекори за реализација, со заеднички интерес за поголема енергетска сигурност, диверзификација и поврзаност на Југоисточна Европа, потенцираат од МЕРМС.