Реклама

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Македонија

Коњановски: Битолската публика живее за спортот и меѓународни натпревари

Многубројната публика која синоќа го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Црна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многубројната публика која синоќа го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Во изјава за медиумите, градоначалникот Коњановски нагласи дека Битола е спортски град секогаш подготвен за меѓународни натпревари.

– Синоќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град. Натпреварот го следевме со секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници кои беа на трибините на стадионот. Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младите селекции на Македонија и на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари, посочи Коњановски.

Реклама

Од Општина Битола потсетија дека продолжуваат со поддршка на спортот за сите спортски дисциплини и инвестиции во спортски објекти за ученици, рекреативци и професионалци.