Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Градоначалничката на Кисела Вода, Стаменкоска Трајкоска на работна средба со жителите на Усје

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска во рамките на тековниот циклус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска во рамките на тековниот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници во Општината, придружувана од раководителите на секторите од општинската администрација, вчера вечерта оствари работна средба со жителите на месната заедница Усје.

Во соопштението на Општината се наведува дека овој отворен собир претставувал одлична можност за непосреден разговор за досегашните резултати, како и за плановите за идните инвестиции во оваа населба.

Во делот на реализираните проекти, присутните упатиле благодарност до Општината за финансиската поддршка и покривањето на котизацијата за фудбалскиот клуб Усје, со што му се овозможи непречено учество во натпреварите. Жителите ја поздравиле и редовното одржување на хигиената во однос на чистење, косење и кастрење гранки, а го нагласиле и значењето од започнување на процесот за уредување на Усјанскиот канал.

Реклама

Покрај освртот на сработеното, на средбата детално се разговарало и за идните приоритети и барања на локалното население. Во насока на подобрување на инфраструктурата, граѓаните побарале асфалтирање на два крака од улица „1“ во МЗ Усје, изработка на проект за затвoрање на Усјанскиот канал, како и поставување сообраќаен знак за ограничување на носивоста за камионите и миксерите кои се движат низ населбата.

Дополнително била истакната потребата од проширување на мостот на улица „4“, реконструкција на улицата во месноста позната како „Дупки“, како и проширување на паркинг-просторот пред црквата „Св. Атанасиј“.

-Сите изнесени предлози, забелешки и барања беа детално нотирани од страна на стручните општински служби со цел нивно натамошно решавање. Теренските средби продолжуваат и во наредниот период, при што со овој циклус посети ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода – се вели во соопштението.