Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Лашкоска во Рим: Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на министерската тркалезна маса „Усогласување со европското законодавство и управување со водните ресурси во Западен Балкан“, во рамки на Евромедитеранскиот форум за води, кој се оддржа во Рим.

Во своето обраќање, Лашкоска истакна дека нашата држава продолжува со усогласувањето на националното законодавство со европското право, со цел европските стандарди да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните и животната средина.

-Нашата цел е усогласувањето со европското право да го преточиме во побезбедна вода за граѓаните, почисти реки и воден сектор поотпорен на климатските промени. Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект- порача Лашкоска.

Реклама

Таа нагласи дека водните ресурси и климатските предизвици бараат посилна регионална соработка, размена на знаење и координиран пристап меѓу земјите од Западен Балкан.

На тркалезната маса беше разгледана и можноста за воспоставување постојан регионален форум за води, како механизам за континуиран дијалог и соработка.

Лашкоска истакна дека модернизацијата на водната инфраструктура, заштитата на квалитетот на водите и справувањето со сушите и поплавите се меѓу клучните предизвици за водната сигурност и отпорноста на климатските промени.

Евро-медитеранскиот форум за води е меѓународна платформа за дијалог меѓу носителите на политики, граѓанското општество, академската заедница и бизнис-секторот.  Неговата цел е да поттикне соработка и заедничко дејствување, не само меѓу медитеранските земји, туку и со Европската комисија, земјите членки на ЕУ, земјите од Балканот и Блискиот Исток.