Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има основен сомнеж за криминал, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

Тој изјави, цитирам: „Славјанка Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, јавно излезе со обвинување против пратеничката од редовите на СДСМ и екс-министерка Славјанка Петровска.

Реклама

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра.

Го поддржуваме и поттикнуваме Венко Филипче да не молчи и да каже сè што има за Славјанка Петровска. Очекуваме итно и неодложно Јавното обвинителство да отвори предмет и да реагира.

Почитувани,

Правда мора да има и добро е што Венко Филипче почна да зборува. Веруваме дека има уште многу повеќе да соопшти за криминалот во таборот на СДСМ.