Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО

По неодамнешното впишување на Олимп на Листата на светско наследство на УНЕСКО,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неодамнешното впишување на Олимп на Листата на светско наследство на УНЕСКО, Грција се стреми во каталогот да го вклучи и Преспанското Езеро, на границата со Албанија и Македонија. Во иницијативата, што Грција ја започна во 2014 година, овојпат како сојузници ги има двете соседни земји, со кои го дели прекрасното езеро и заеднички ја промовираат иницијативата, со поддршка и од Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Голема Преспа: Сојуз со цел да се вклучи во УНЕСКО“.

Според весникот, следниот петок, грчката општина Преспа, ќе биде домаќин на средба на министрите за култура на трите земји, Лина Мендони, Бленди Гонџа и Седат Сулејмани, на која ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ во Скопје Михалис Рокас, а целта е да се испланираат следните чекори.

– На прашање на „Катимерини“, Рокас рече дека ЕУ одлучи, освен политичката поддршка, да ги финансира и првите соодветни студии. Исто така, ја истакна важноста, со геополитички димензии, на заедничкиот напор на трите соседни земји да го заштитат и да го афирмираат природното и културното богатство подарено од природата, а кое ги зближува, пишува весникот.

Реклама

Од друга страна, градоначалникот на општина Преспа Јоргос Стергиу изразил воодушевеност од идејата езерото по Света Гора, Метеора и Олимп, да стане четвртиот споменик во Грција, што ќе биде прогласен за светско наследство.

– Секако дека сме позитивни и подготвени да помогнеме во напорите каде и како што можеме. Нашите односи со соседите се одлични. Со години соработуваме на заштитата на езерото и реализираме заеднички програми. Особено со нетрпение очекуваме да биде отворен граничниот премин што е во изградба, а кој ќе нè поврзе поблиску со туристичкиот центар Охрид, рекол Стергиу.

Министерот за култура на Албанија, според „Катимерини“, за новинската агенција АТА посочил дека значењето на иницијативата е многу пошироко од самата кандидатура за УНЕСКО, бидејќи тоа би донело поголемо меѓународно внимание кон Преспа, повеќе можности за заштита и промоција на културното наследство, одржлив развој, поквалитетен туризам и нови перспективи за локалните заедници.

Весникот потсетува дека идејата за впишување на Преспанското езеро на Листата на светско наследство на УНЕСКО не е нова, бидејќи барањето од грчка страна официјално било поднесено на 16 јануари 2014 година, кога езерото било ставено на таканаречената „индикативна листа“, што претставува почетна фаза пред поднесувањето на целосната кандидатура.

Сега, на иницијатива на министерката за култура на Грција Лина Мендони, се посочува, прашањето е надградено на агендата и на Министерството и на грчката Влада, со предлог кандидатурата да се промовира заеднички со Тирана и Скопје.