Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Меџити: Во првата година од мандатот ја реализирам програмата што ја ветив за Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити потенцира дека во текот на првата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити потенцира дека во текот на првата година од неговиот мандат се завршени или започнати низа од инфраструктурните проекти на територијата на општината ветени за време на изборната кампања.

Меџити во интервју за Алсат М истакнал дека дел од проектите од својата програма веќе се во завршна фаза, додека реализацијата на други е започната или се очекува да започне наскоро.

-Некаде сме на почетокот, а некаде сме при крај со реализацијата на проектите. Така, улицата „Ферид Мурад“ е во завршна фаза, започна реализацијата на улицата „Мит’хат Фрашери“, а започнува и проектот за улицата „Хасан Приштина“ – изјавил Меџити.

Реклама

Во однос на плоштадот „Скендербег“, градоначалникот на Чаир истакнал дека процедурите се во завршна фаза и дека се очекува градежните работи да започнат пред Нова година. Според него, проектот предвидува инвестиција од над 20 милиони евра за изградба на подземен паркинг.

Меџити, како што информираат од општинсиката прес-служба, најавил дека во февруари или март е планирано да започне и реализацијата на проектот за улицата „Цветан Димов“, која ја посочил како главна сообраќајна артерија на Чаир.

Во план се и интервенции во колективните станбени објекти кои немаат лифтови.

-Исто така, наскоро ќе започнеме и со проектот за поставување лифтови во зградите кои немаат лифт – изјавил Меџити.

Градоначалникот на Чаир оценил дека во текот на првата година од мандатот се очекува реализација на програмата што ја презентираше за време на изборната кампања, а за следните три години најавил подготовка на нова програма во соработка со граѓаните.

-Сметам дека во првата година од мандатот сме во процес на реализација на целата програма што ја ветив во изборната кампања, а заедно со граѓаните ќе треба да работиме на нова програма за следните три години – заклучил Меџити.