Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Граѓаните на Македонска Каменица ги избраа приоритетите, Еко пазарот со најмногу поени

Со одржувањето на четвртата и завршна сесија заврши Проектниот форум во Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со одржувањето на четвртата и завршна сесија заврши Проектниот форум во Општина Македонска Каменица, преку кој граѓаните директно учествуваа во предлагањето, разгледувањето и изборот на проекти од значење за локалната заедница.

На завршната сесија, граѓаните гласаа и ги бодираа трите предложени проекти. Најмногу, 20 поени, доби проектот „ЕКО пазар во Македонска Каменица“, „Училишен кампус“ освои 18 поени, додека „Музеј на рударство“ доби 10 поени.

Покрај изборот на проектите, во текот на четирите форумски сесии граѓаните доставија и 10 препораки до Општина Македонска Каменица, кои се однесуваат на инфраструктурата, младите, животната средина, туризмот и уредувањето на јавните простори.

Реклама

Меѓу препораките се отворање на Младински центар, реконструкција на трпезаријата и поставување на настрешница на Грчки гробишта, изградба на мост за возила на горна Каменичка Река, како и реконструкција на кејот на Каменичка Река.

Граѓаните предложија и изградба на тротоари на улица „Церска“, поставување куќички за бездомници, уредување на постоечката теретана, поставување контејнери за рециклирање и селекција на отпад и воведување компостери за органски отпад.

На листата се и реконструкција на водоводот во Стара Каменица и Дулица, како и уредување пешачка патека на Калиманско Езеро, со што би се придонело кон развојот на езерскиот туризам.

Проектниот форум е реализиран во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со грант-фонд од 30.000 американски долари.

Проектот се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.

Од Општина Македонска Каменица упатија благодарност до сите граѓани кои учествуваа во форумскиот процес и придонесоа во утврдувањето на локалните приоритети.