Реклама

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

Македонија

Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра за Дејан Јованов, утре му истекува едногодишниот притвор

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс” во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован.

Со предлогот, како што информираат од Обвинителство, се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари, а која гаранција се состои во ставање хипотека на недвижен имот.

– Меѓутоа, според обвинителството, при одлучувањето, Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен – се вели во соопштението од Обвинителство.

Реклама

Освен тоа, од Обвинителството посочуваат, дека понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет.

Едногодишниот притвор на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко во предметот за пожарот во „Пулс“, му истекува утре, што претставува законски максимум од денот на оценување на обвинението. 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) вчера информираше дека е отворена истрага против Јованов, под сомнение за кривичното дело давање поткуп, а до Основниот кривичен суд Скопје е доставен и предлог за определување мерка притвор за кој Кривичен соопшти дека ќе одлучува денеска.

Според Обвинителството, Јованов е осомничен дека дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност без да поднесе барање и иако знаел дека објектот не ги исполнува законски пропишаните услови.

Оттаму наведуваат дека предлогот за притвор е поднесен поради опасност од бегство, но и поради фактот што против осомничениот веќе се води друга кривична постапка за тешки дела против општата сигурност.

Случајот за пожарот во „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.