Бројот на работниците во индустријата периодот јануари – август 2026 во однос на истиот период лани е намален за 2.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во август годинава, пак, споредено со август 2025-та, бројот на работниците во индустријата е намален за 3.0 %.
Во секторот Рударство и вадење камен бројот на работниците се намалил за 8.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за
2.8 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизацијасе се зголемил за 0.7 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците се намалил во групите Енергија за 2.3 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.

