Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Утре промоција на „Атентат“, долгодишно истражување на д-р Доревски за атентатот на Глигоров

По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за промоцијата на најновата обемна книга на д-р Зоран Доревски во сабота, 3 октомври, во 11 часот во хотелот Холидеј Ин.

Кој бил мотивот? Кој го организирал атентатот? Кои биле извршителите? Што открива техниката на нападот? Зошто истрагата потфрли и зошто клучните прашања останаа без одговор повеќе од 30 години? Тоа се прашања и одговори што ги исцртуваат страниците на книгата.

Авторот, врз основа на бројни документи, индиции и сведоштва, нуди аналитичка реконструкција на настанот и ново согледување на случајот се вели во најавата.

Реклама

Без да ја презема улогата на обвинител или судија, тој ги става фактите пред читателот, ја реконструира можната слика на настанот и му дава можност и самиот да носи заклучок.

Студијата „Скопскиот атентат“ од д–р Зоран Доревски претставува квалитетно изведена монографска анализа на политичкото насилство извршено врз претседателот Киро Глигоров во 1995 година. Таа се заснова врз систематизирани сознанија, податоци и факти што овозможуваат убедлива реконструкција на околностите, актерите и последиците од еден од најзначајните безбедносни настани во современата македонска историја.

Книгата претставува заокружена криминалистичка анализа на сложениот феномен атентат, при што се идентификуваат политичките, безбедносните, регионалните и геостратегиските фактори што директно или индиректно влијаат врз неговото планирање, извршување и расветлување. 

Рецензентот д-р Цане Т. Мојаноски, вели:

… „Смислата на ваквите академски анализи не е да ја заменат судската вистина ниту институционалната одговорност, туку да создадат поширока аналитичка рамка во која расфрланите факти, сведоштва и настани ќе бидат доведени во логична врска и ќе овозможат подлабоко разбирање на сложените историски процеси.“

Рецензентот м-р Бранислав Јанковиќ, пишува: 

„Зоран Доревски, во најдоброто светло на писателите на трилери, се обидува — и во тоа успева — од обидот за убиство на македонскиот претседател Киро Глигоров во 1995 година во Скопје да создаде своевиден документ за тој настан, детално анализирајќи сè: од геополитиката и тајните служби, па сè до последниот форензички детаљ, додавајќи му на сето тоа добра доза детективски наратив“…

А, академик проф. д-р Неџад Корајлиќ, истакнува:

„Посебната вредност на ова дело е во тоа што атентатот не се разгледува само како поединечно кривично дело, туку како сложен политичко-безбедносен феномен во кој се испреплетуваат криминалистички, геополитички, разузнавачки и општествени фактори. Ваквиот интердисциплинарен пристап на авторот претставува редок пример во современата литература во Југоисточна Европа.“