Реклама

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

Македонија

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Со продолжение на доказната постапка во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со продолжение на доказната постапка во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Јавното обвинителство на едно од претходните рочишта презентираше обемна документација поврзана со работењето на АД „Државна лотарија“, набавката на видеолотариски терминали и односите со странскиот партнер „Казинос Аустриа“.

Обвинителството презентираше договори за заедничко вложување и основање на „Државна видео лотарија на Македонија – Казинос Аустриа ДОО Скопје“ од 2013 година, владини одлуки, стенографски белешки и записници од седници на Владата, како и документација поврзана со програмата за работа на АД „Државна лотарија“ за 2023 година. 

Реклама

Како дел од доказниот материјал беа изведени и финансиски документи, меѓу кои девизни налози, банкарски изводи, аналитички картички на економски оператори, фактури, сметки и испратници поврзани со набавката на видеолотариските терминали.

Беа разгледани и известувања од странскиот содружник доставени до Владата, во кои се третираат прашања поврзани со правото на приредување електронски игри на среќа и функционирањето на заедничкото друштво.

Бранителите на обвинетите, на изминатото рочиште ги изнесоа своите забелешки на доказите предложени од Обвинителството. Притоа беа отворени прашања поврзани со толкувањето на договорните односи со странскиот партнер, обемот на правата за приредување игри на среќа, како и околностите поврзани со набавката и користењето на автоматите за игри на среќа.

Во предметот „Државна лотарија“, покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. 

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. 

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.