Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер учествува на молитвениот појадок во Вашингтон, соопшти кабинетото на претседателката.

Сиљановска-Давкова укажа на посебната улога на овој настан во будењето и заштитата на човечкото достоинство, одговорноста и почитта кон другиот во ера на поделби, недоверба и конфликти, газење на правото, етиката и моралот.

За неа, опстојувањето и интересот за Националниот молитвен појадок потврдуваат дека и покрај политичките и верските разлики, дијалогот може да ги зближи луѓето.

Реклама

Таа потсети на личноста на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговата подготвеност за помирување.  

Претставниците на Националниот молитвен појадок и претседателката разменија ставови за регионалните состојби низ призма на евроинтеграциите, но и за македонско-американските односи низ историјата и во рамките на стратешкото партнерство.

Сиљановска-Давкова укажа на неодржливоста на толерирањето на органите на ЕУ на кршењето на основните принципите и вредности, загарантирани во меѓународното и европското право од нејзини членки, на примерот на македонските евроинтеграции.   

Според учесниците во дијалогот, очигледна е американско-македонската решеност за унапредување на меѓусебните односи.

За сите, дијалогот мора да има предност пред конфронтацијата, толеранцијата пред нетрпеливоста, а мирот пред војната, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.