Меѓународниот конгрес на медицинските сестри и Националниот самит на сестрински здруженија, асоцијации и федерации од денеска до 4 октомври ќе се одржуваат во Струга, во организација на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.
На Конгресот ќе учествуваат медицински сестри, здравствени професионалци и претставници на сестрински здруженија, асоцијации и федерации од земјава и странство.
Во тридневната програма ќе бидат опфатени теми поврзани со современото сестринство, безбедноста на здравствените работници, развојот на здравствените системи, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во здравството, како и меѓународната соработка.
На свеченото отворање, кое е закажано за денеска во 18:30 часот, најавени се поздравни обраќања од министерот за здравство Сашо Клековски, претседателката на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија и ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија, м-р Гордана Бешлиовска, и доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри со специјализација (ESNO).
Во рамки на Конгресот ќе се разгледуваат актуелни прашања од областа на сестринството, со акцент на професионалниот развој, унапредувањето на здравствените системи и меѓународната соработка.

