Реклама

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Македонија

Презентација на медиумски мониторинг: Колку културата е присутна во комуникацијата на институциите и медиумите

Почетниот медиумски мониторинг за комуникацијата на Министерството за култура и туризам, шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетниот медиумски мониторинг за комуникацијата на Министерството за култура и туризам, шест единици на локалната самоуправа и медиумското известување за локалната култура за периодот април-јуни 2026 година ќе биде презентиран денеска во КСП Центар-Јадро во Скопје.

Настанот што е во организација на Јадро – Асоцијацијата на независната културна сцена, во соработка со Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) ќе ги претстави резултатите од истражувањето што ја анализира јавната комуникација на Министерството за култура и туризам, Град Скопје и општините Тетово, Струга, Битола, Кавадарци и Струмица, како и известувањето на онлајн медиумите за локалната култура.

Мониторингот се однесува на периодот од 1 април до 30 јуни 2026 година и ги разгледува начините на кои институциите ги комуницираат културните програми, фестивалите и манифестациите преку официјалните веб-страници и социјалните мрежи, како и застапеноста на темите од областа на културата во медиумските содржини.

Реклама

Резултатите од истражувањето ќе ги презентираат авторите Мила Стаменова Бурнс и Петрит Сарачини од ИМА, додека координаторот на проектот, Дарко Алексовски од Јадро, ќе даде осврт на проектните активности и цели.