Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови

Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, денеска во Кинотеката на Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика преку приказни за семејството, личниот избор, секојдневниот живот, имагинацијата и традицијата. 

„Сонцето изгрева над сите нас“ годинава беше дел од официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, каде актерката Син Жилеи ја освои наградата „Волпи куп“ за најдобра актерка.

Во програмата се вклучени и филмовите „24 вкуса“, „Кога ноќта ја среќава светлината“, „Сликарот на ковчези“, „Како камен што се тркала“, „Лов на чудовишта“, „Лов на чудовишта 2“ и анимираниот филм „Пад во светот на смртниците“, како и специјална програма со наградувани кратки филмови од млади кинески автори.

Реклама

Проекциите во Скопје ќе се одржуваат во Кинотеката на Македонија и во Киноверзум Кисела Вода, додека филмската програма ќе гостува и во Центарот за култура во Битола, Занаетчискиот дом во Куманово, Киноверзум Велес и библиотеката „Искра“ во Кочани. 

Во рамки на фестивалот е предвиден и разговор со режисерката Тијан Јан по проекцијата на документарниот филм „Кога ноќта ја среќава светлината“, посветен на менталното здравје на децата и адолесцентите.