Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Медицински факултет: Постапката за вработување доктори беше објективна и транспарентна

Во врска со објавениот јавен оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со објавениот јавен оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, за засновање на работен однос на 4 (четири) доктори по медицина од кои 2 (два) извршители за Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, Ве известуваме за следното:

Постапките за вработување на доктори по медицина, Факултетот ги спроведува врз основа на Законот за високото образование, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. Јавниот оглас беше спроведен од страна на Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, воедно раководители на Институтите на факултетот, каде се вработуваа докторите по медицина.

Комисијата за селекција ги провери доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурираше и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврди дека истите се уредни пријави.

Реклама

Со сите пријавени кандидати комисијата спроведе интервју. 

По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложи два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот.

Постапката за вработување која ја спроведе Медицинскиот факултет во Скопје, беше објективна и транспарентна и во ниту една фаза од истата, доктор Дарко Василевски не беше доведен во понеповолна положба од останатите кандидати.

Особено нагласуваме дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто.

Д-р Дарко Василевски е уредно известен за исходот од постапката односно кои кандидати се избрани со цел засновање работен однос.

Доколку кандидатот доктор Дарко Василевски смета дека некое право од постапката за вработување му е ускратено истиот своите права може да ги оствари пред надлежните институции.

До денес факултетот нема добиено известување од ниту една надлежна институција дека кандидатот официјално се обратил во врска со наведениот Конкурс за вработување. Исто така, до Факултетот не е доставено ни известување за евентуално поднесена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Доколку Факултетот добие претставка во законски предвидениот рок ќе се произнесе по истата.