Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Македонија нема да испраќа војници во Украина, рече министерот Мисајловски

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, изјави министерот за одбрана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела таква обврска и дека во моментов фокусот е ставен на поддршка на мировните напори и можната обнова на земјата по завршувањето на војната.

Одговарајќи на прашања поврзани со иницијативите за поддршка на Украина и состаноците на групата земји кои разговараат за активностите по евентуалното постигнување мир, Мисајловски потенцираше дека Македонија нема намера да испраќа воен персонал.

– Ние никогаш не сме ветиле и никогаш не сме кажале дека македонски граѓани ќе одат. Тоа треба секој да го знае и многу пати сум ја давал оваа изјава. Македонски војници на украинско тло нема да има. Ние веруваме да има мировен договор, тоа е нашиот став – рече Мисајловски во гостување на една од националните телевизии.

Реклама

Тој посочи дека Македонија разгледува можности за вклучување во меѓународни иницијативи преку трипартитни договори, со кои би донирала одредена опрема, а за возврат би добила поддршка преку соодветни фондови. Како што нагласи, за ова веќе било разговарано и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Одговарајќи на прашање дали можеме како земја членка на НАТО да одбиеме ако дојде такво барање, тој одговори дека тоа не е обврска што произлегува од Алијансата.

– Ова не е обврска што произлегува од НАТО. Нема таква обврска. Станува збор за иницијатива на големите сили на Европа, Франција, Германија и Обединетото Кралство, каде што се обидуваат како да придонесат повеќе за Европа и Украина – рече министерот.

Додаде дека прво мора да се постигне мир, а дури потоа да се разговара за сите други аспекти на поддршката.

– Во овој период има позитивни најави за можен напредок кон мирно решение. Добро е што се разговара за мир. Тоа е нешто што сите го посакуваме и поддржуваме – рече тој.