Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Мисајловски: Името е сменето, знамето е сменета, химната е сменета… зошто уште ние треба нешто да менуваме

-Често пати на состаноците во НАТО кажувам дека ако ние сме таму,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Често пати на состаноците во НАТО кажувам дека ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни, еднакви, разговараме за воена помош, за трошење средства подеднакво, исти проценти одвојуваме од буџет, зошто не сме еднакви во друго семејство кое е навидум скоро слично, најголем дел од партнерите се внатре, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостувањето на една од националните телевизии.

-Зошто се’ ние нешто треба да смениме? Јас често пати велам името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети. И ова го кажувам. И во опозиција велевме дали е ова последното нешто? Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР, јас бев дел од таа комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, да немаме сега проблеми како заедничката историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува, и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други, рече Мисајловски.

Министерот за одбрана посочи дека предлогот кој го прифатиле СДСМ и коалицијата, е предлог кој македонскиот народ не го прифаќа.

Реклама

-Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени, за утре повторно да имате вие пречка. Ние велиме дали е ова последно нето? Нека се објасни. Добра е иницијативата да седнат ЕУ претставници, па и НАТО претставници. Има иницијатива, ние предлагаме, рече Мисајловски.

Мисајловски обвини дека во Македонија има политичари кои што на дневна основа би направиле секаква отстапка само за да се прифати нешто што Бугарија го бара.