Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот 

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања, како еден од принципите на транспарентност при управувањето е добро поставен и немам намера да дозволам, под разни притисоци овој инструмент да биде исклучен и со работата на Советот да биде скриен. Секој советник си носи одговорност пред јавноста за своето однесување и за своите дискусии и за своето молчење и можеби најважно од се, секој советник си носи одговорност за одлуките кои ги поддржува“, истакна Даме Димитровски претседател на Совет на Град Скопје на денешната седница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитровски посочи дека седниците на Советот мора да бидат транспарентни со тоа што, правото за поставување прашања од страна на советниците не смее да се одземе ниту пак да се ограничи правото на градоначалникот да даде одговор на поставените прашања.

„Ние не можеме да дозволиме да не бидат седниците на Советот транспарентни и мора да бидеме одговорни за своите постапки. Најпрво, не смееме да им го одземеме правото на советниците да поставуваат прашање и второ не смееме да му го ограничиме правото на градоначалникот да даде одговор на поставеното прашање“, рече Димитровски.

Реклама