Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Димитровски: Со Бугарија ни треба европски, а не средновековен дијалог

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а кредибилната европска перспектива е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот, порачал денеска заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски на  состанокот со министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, кој се во одржува во Пржно во Црна Гора.

Европската интеграција, регионалната соработка и зајакнувањето на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан биле во фокусот на состанокот, на кој, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, учествувале министрите за надворешни работи од Западен Балкан и на земјите членки на ЕУ, учесници во Берлинскиот процес, како и високи претставници на Европската комисија, Советот за регионална соработка и Регионалната канцеларија за младинска соработка.

Димитровски, во своето обраќање, истакнал дека стабилноста на Западен Балкан не е само регионално прашање, туку и европска неопходност. Во услови на сложени геополитички состојби и зголемена изложеност на надворешни влијанија тој ја нагласил важноста на континуираниот регионален и европски дијалог.

Реклама

Тој нагласил дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка на патот кон ЕУ, затоа што тие ризици ја слабеат европската перспектива, а со тоа и безбедноста и отпорноста на земјите од регионот и на Европа.

-Со нашиот источен сосед сакаме европски, а не средновековен дијалог – дијалог за иднината, а не за историјата. Во процесот на пристапување кон ЕУ треба да ги трансформираме институциите и да воспоставиме правна држава, а не да го трансформираме идентитетот и да го менуваме историскиот наратив – истакнал Димитровски.

Во своето обраќање Димитровски се осврнал и на важноста на Берлинскиот процес како значајна платформа за унапредување на регионалното поврзување, за олеснување на слободното движење и создавање подобри услови за економски развој, мир, стабилност и просперитет во Западен Балкан, со цел забрзано приближување на регионот кон европските стандарди.