Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје на 5 октомври во Кинотеката на Македонија ќе го одржи првиот академски час, со кој ќе започне академската 2026/27 година и одбележувањето на 20 години од основањето на Универзитетот. Свеченоста ќе започне во 12 часот во Кино салата на Кинотеката на Македонија.
На настанот поздравен говор ќе има министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој во ноември ќе одржи мастерклас на Универзитетот Пантеон Асас , Сорбона 2 од Париз, на покана проф. д-р Фабрис Д’Алмеида, кој беше прогласен за Doctor honoris causa, на универзитетот Еуропа Прима и воедно е еден од главните иницијатори на академската соработка помеѓу овие два универзитети и на поширок план, меѓу Македонија и Франција.
На свеченоста ќе обрати ректорот, проф. д-р Александар Трајковски, кој ќе ги поздрави новите студенти по повод почетокот на академска година и при тоа ќе ги претстави студените на ИУ Еуропа Прима кои минатата година освоија значајни меѓународни признанија на театарски и филмски фестивали: Јована Миладинова, Бранко Михајлоски, Тамара Стојаноска и Стефанија Трпеска.
Проф. Златко Шумковски од Универзитетот од Келн, ќе ги презентира насоките на натамошно развивање на дејноста на универзитетот во областа на дигиталните медиуми помеѓу Германија и Македонија.
Свечената атмосфера ќе ја збогати и присуството на реномирани гости од странство, од повеќе универзитети со кои универзитетот соработува во рамки на програмата Ерасмус +, како и Фестивалот на Југоисточна Европа, Париз-Берлин-Вашингтон, што веќе 16 години го организира во овие светски метрополи.
На крајот од настанот, во духот на академската традиција, свечено ќе им бидат доделени индексите на новата генерација студенти на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“.
Од Универзитетот посочуваат дека настанот ќе биде можност за афирмација на неговата академска и културна мисија, како и за потврдување на меѓународната соработка и заложбите во областа на образованието, културата и дигитализацијата.

