Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Европските перспективите низ дијалог со младите академици

Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, заедно со пратеничките Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, претставнички во Мешовитиот парламентарен комитет, се сретнаа со делегација на студенти на постдипломски студии од Колеџот на Европа – кампус Тирана, од Одделот за европска трансформација и интеграција.

Потпретседателот Милошоски, информираат од собраниската прес-служба, им посака добредојде на студентите и ги запозна со работата и надлежностите на Собранието и на Комисијата за европски прашања. Пратеничките Пешевска и Мираковска се осврнаа на работата и улогата на Мешовитиот парламентарен комитет. Во продолжение на средбата, студентите имаа можност да постават прашања и да разменат мислења со соговорниците.

Во фокусот на разговорот беа прашањата поврзани со правата на жените и нивното учество во политичкиот живот, родово базираното насилство, правото на абортус и фемицидот. Разговарано беше и за јавните и надзорните расправи, како и за начинот на кој овие механизми се регулирани во македонското законодавство.

Реклама

Соговорниците разменија мислења и за безбедносната состојба во регионот, руската агресија врз Украина, заштитата на мирот и безбедноста во Европа, малцинските права, консензуалниот пристап при донесувањето одлуки и гласањето, како и за изборниот модел.

Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на нашата земја и земјите од Југоисточна Европа. Во тој контекст беа разгледани и актуелните односи со Бугарија, како и билатералните прашања во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија.