Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука со која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука со која се намалува бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи на Град Скопје.

Со одлуката се прави оптимизација на бројот на вработени, со цел поодговорно управување со градскиот буџет и насочување на човечките ресурси кон работните места кои се директно поврзани со функционирањето на градот и услугите за граѓаните.

Приоритет ќе имаат теренските и оперативните позиции каде што постои реална потреба од дополнителен кадар – пред сè возачи во ЈСП, работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“, како и друг оперативен кадар неопходен за одржување на градските услуги.

Реклама

Истовремено, административните позиции се сведуваат на минимум, со цел средствата и кадарот да бидат насочени таму каде што има најголема потреба – на улиците, во парковите, во јавниот превоз и во останатите услуги кои граѓаните ги користат секојдневно.

Од Градот посочуваат дека ова преструктуирање има за цел поефикасно работење, поодговорно управување со јавните средства и создавање услови за подобрување на клучните градски услуги.

Со новата политика, приоритет се дава на работните места кои директно придонесуваат за функционирањето на Скопје и секојдневниот живот на граѓаните. 

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук напиша дека драстично се намалуваат новите вработувања во Град Скопје.

– Секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое вработување вистинска потреба и конкретна работа. Скопјани заслужуваат јавен сектор кој ќе ја оправда нивната доверба со чисти улици, уредени паркови, редовен превоз и навремени услуги. Денес, на седницата на Советот на Град Скопје, е донесена одлука со која ставаме крај на децениските лоши практики на неконтролирано натрупување на администрацијата и дополнително оптоварување на градскиот буџет. За првпат досега, во сите јавни претпријатија и установи се предвидуваат помалку нови вработувања. Истовремено, вкупниот број вработени, особено во јавните претпријатија, се намалува по законски основи. Ова е реална оптимизација, со цел поефикасно работење и поодговорно управување со парите на скопјани – потенцира градоначалникот. 

Како што нагласува тој, приоритет имаат луѓето што секојдневно ги обезбедуваат услугите од кои зависи градот – возачи во ЈСП, работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“ и оперативен кадар таму каде што навистина недостига.

– Најголемиот дел од предвидените нови вработувања се за луѓе кои ќе работат на терен и директно ќе им служат на граѓаните, додека административните позиции се сведени на минимум. Потребите на улиците, парковите и јавниот превоз конечно го добиваат приоритетот што го заслужуваат – посочува градоначалникот. 

Ѓорѓиевски наведува дека со ова историско преструктуирање се насочуваат средствата и кадарот таму каде што се најпотребни за функционирањето на Скопје. – Го штитиме буџетот и создаваме услови за подобри услуги. Времето на пренатрупување на администрацијата и оптоварување на граѓаните го оставаме зад нас. Воведуваме ред, одговорност и работа што се гледа. Скопјани заслужуваат функционален град. Секое работно место мора да придонесува за тоа, а секој потрошен денар да биде оправдан пред граѓаните – потенцира скопскиот градоначалник.