Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Јубилејна 10. „Текстилијада“ во Штип: „Наши права, наша иднина“ како порака за новите генерации

Со откривање на муралот „Наши права, наша иднина“ во Општинското основно училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со откривање на муралот „Наши права, наша иднина“ во Општинското основно училиште „Тошо Арсов“ во Штип, денеска започна јубилејната 10. „Текстилијада“, која во наредните три дена ќе понуди повеќе конференции, дебати, работилници и културни активности.

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, претседателката на здружението „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева и директорката на ООУ „Тошо Арсов“ Виолета Арсовска ги претставија активностите предвидени во рамките на јубилејното издание.

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов истакна дека  соработката помеѓу општина Штип и здружението „Гласен Текстилец“ е доказ дека институциите и граѓанските здруженија можат да работат и можат да придонесат за поместување на одредени состојби во одредени индустриски гранки, дејности. Тој истакна дека Штип е град на текстилот и најголем процент од вработените лица во градот се токму во текстилната индустрија, но исто така и најголем процент на сопствениците на капитал својот капитал сè уште го одржуваат и го работат во текстилниот сектор.

Реклама

-Секогаш кога има дијалог, кога има гласно говорење за состојбите, сметаме дека може да се извлечат позитивни искуства. Затоа што на работниците, но и на сопствениците на капитал им е потребно пренос на знаење, позитивни искуства, нешто кое мораме во нашиот град гласно да го говориме. Секогаш кога има одредени состојби мора да се презентираат за да бидат променети. И во име на тоа сакам да се заблагодарам на здружението „Гласен Текстилец“ кое 10 година по ред гласно зборува за состојбите во текстилниот сектор-рече Јорданов. 

Претседателката на „Гласен Текстилец“, Ампева посочи дека настаните почнуваат од денеска со културна дебата драмското студио Театарче од Штип. Ампева вели дека утре во 10.30 и 16.30 имаат две конференции на кои ќе се говори за успесите и неуспесите на „Гласен Текстилец“, како и во која насока ќе продолжат да работат. 

-Во меѓувреме продолжуваме со 10 литературен конкурс за којшто многу ми е драго што навистина многу деца пријавуваат свои творби. Во сабота, како последен – трет ден, во 11.00 часот во хотел „Оаза“ повторно правиме за првпат презентација на методологија изработена за Living Wage во Македонија. Значи ова е прв еден ваков документ за да започнеме да зборуваме за плата за живот, а не минимални, синдикални и останати. Во 15.00 часот во Дино паркот имаме работилница со деца, токму од „Тошо Арсов“ повторно, под менторство на Наташа Тасева и ќе работиме во однос на рециклирање на текстил, што тоа младите можат да користат при рециклирање-вели Ампева.

Директорката на ООУ „Тошо Арсов“-Штип, Виолета Арсовска рече дека соработката помеѓу училиштето „Тошо Арсов“ и здружението „Гласен Текстилец“ трае со години и е исполнета со многу активности.

-Оваа година, по повод 10 годишниот јубилеј на Гласен Текстилец, ние нашата соработка ја заокруживме со една убава порака, а тоа е муралот кој што го краси нашето училиште под порака „Наши права, наша иднина“. Овој мурал не е само едно уметничко дело, туку носи во себе една скриена порака, а тоа е дека децата имаат право, но имаат и своја обврска и дека своите права и обврски заедно низ учење и низ заедничка грижа да ја создадат нивната заедничка иднина-рече Арсовска.