– Во рамки на 123. пленарна седница денеска беше усвоена потребата за носење на десет закони по скратена постапка, сите усогласувања со Законот за високи ракводители.
Меѓу нив се измените и дополнувањата на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, Законот за просветната инспекција, измените на Законот за педагошката служба и на Законот за бирото за развој на образованието, измените и дополнувањата на Законот за филмската дејност, на Законот за заштита на културното наследство, измените на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците и измените и дополнувањата на Законот за матичната евиденција.
Пратеникот Скендер Реџепи побара на дневен ред на 123. седница да биде ставена точка за Предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово, а претседателот на Собранието Африм Гаши појасни дека резолуцијата е на дневен ред на 85. пленарна седница и дека кога ќе бидат создадени услови ќе биде закажана седница и разгледана поднесената резолуција. Реџепи доби поддршка од пратениците од Европски фронт, а координаторката Рина Ајдари ја крикуваше работата на Гаши.
На продолжението на 105. седница беа ратификувани измените на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство од 26 јануари 2026 година за изменување на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Пратениците без дискусија го прифатија и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.

