Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Тошковски: 33 помалку жртви во сообраќајот во првите десет месеци годинава споредбено со лани, за 19 отсто намален бројот на повредени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски  искажа благодарност до македонските граѓани заради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски  искажа благодарност до македонските граѓани заради покажаното европско однесување, па дури и поевропски и од самите европјани во одредени делови, заради постигнатите резултати во делот на воспоставениот систем Безбеден град. 

-Ако лани сме имале 110 жртви за првите 10 месеци, оваа година за истиот период имаме 33 помалку. Тоа е фрапантен резултат, фрапантна бројка. Околу 30% имаме зачувано човечки животи и навистина, повторно им се благодарам на сите учесници во сообраќајот, а тоа во најголем дел се сите македонски граѓани, затоа што, нели, низ Македонија транзитираат и добар дел странците, но во најголем дел се македонските граѓани. И не е само бројката на човечки животи којашто е спасена. Имаме отприлика негде околу 18,5–19% намален број на повредени лица во споредба со претходната година за истиот временски период. Намалена е материјална штета исто така и негде околу над 30% исто така намален број на сообраќајни незгоди со настрадани лица, со повредени лица. Тоа се фрапантни бројки, неспоредливи – изјави Тошковски во гостување на Радио Лидер, се вели во соопштението.

Тошковски посочи пример, имајќи ги предвид анализите кои се направени од независноста на Македонија па до денес, дека најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди имаме во 2001 година за време на конфликтот, кога не се возело.

Реклама

– Втора најмала бројка е 2021 година, короната, повторно кога не се возило. Тогаш вкупната бројка на загинати е 116 луѓе. Инаку, имаме во овие 35 години бројка од 198 лица коишто годишно загинале низ патиштата во Македонија. Страшно полоши сме од европските бројки. Ако кај нас просек би било негде околу 80-тина жртви по милион жители, во Европа тој број е негде околу 40. Но ако вака продолжиме и со имплементирање на проектот Безбеден град и со имплементирање на сите оние паметни технологии коишто планираме да ги имплементираме во иднина над целата територија на државата, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа како сите заедно сме успеале да спасиме еден човечки живот плус, во многу подобри размери него било која друга држава во Европа за толку краток временски период – посочи Тошковски, искажувајќи уште еднаш благодарност на сите македонски граѓани кои учествуваат во сообраќајот, заради тоа што тие се тие кои ја менуваат сообраќајната култура и спасуваат човечки животи.