Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

„Денови на мед 2026“ во Куманово

Традиционалната саемска манифестација „Денови на мед 2026“ започна денеска на градскиот плоштад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната саемска манифестација „Денови на мед 2026“ започна денеска на градскиот плоштад во Куманово, во организација на пчеларското здружение „Пчела“ – Куманово, со поддршка на Општина Куманово. 26-тото издание на издание на манифестацијата, ќе трае наредните три дена.

Годинава, изложуваат 27 производители на мед Куманово, Скопје, Радовиш, Крива Паланка, Кратово, Штип и Тетово. Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, а пред присутните се обрати и претседателот на „Пчела“, Бобан Стошевски. Стошевски оцени дека годинашната пчеларска сезона е една од најслабите во последните две децении, што, според него, во голема мера се должи на климатските услови.

-Имавме исклучително жешко лето, а во мај и непредвидени мразови, поради што целосно ја прескокнавме овошната паша. Пчелите влегоа недоволно развиени во главната паша, која траеше многу кратко, а потоа одеднаш почна сушниот период и во природата немаше доволно цвет, рече Стошевски.

Реклама

Тој посочи дека и пчеларите кои ги селеле пчелите на повисоки планински предели имале минимални приноси, бидејќи сушата се проширила и на повисоките подрачја. Според него, климатските промени се еден од главните предизвици за пчеларството, со оглед на тоа што летата стануваат сè потопли и пашата пократка.

На манифестацијата денеска свои производи презентираат и ученици од Државното училиште за средно стручно образование „Киро Бурназ“, кое е регионален центар за обука на возрасни. Училиштето неодамна добило акредитација за валидација на осум занимања, меѓу кои и пчелар. Горан Митевски професор по стручни предмети кажа дека валидацијата им овозможува на лица кои имаат стекнато практично знаење и искуство, но немаат формален документ, да добијат сертификат по спроведена постапка на проценка.

-Кога некој има животно искуство и знаење, но нема документ дека е пчелар, преку процесот на валидација тоа искуство може да се преточи во сертификат. Кандидатите со советникот за валидација поднесуваат документација, а потоа пред комисија од оценувачи ги докажуваат своите знаења и вештини – изјави Митевски.

Сертификатот го издава училиштето со одобрение од Министерството за образование и наука и е двојазичен, на македонски и англиски јазик. Манифестацијата „Денови на мед“ ќе трае до 3 октомври, а посетителите на плоштадот ќе имаат можност да ги разгледаат и купат производите на учесниците.