Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ Никола Мицевски вели дека лидерот на СДСМ Венко Филипче е срам за политичката сцена за неговата партија поради, како што потенцира, говорот на омраза и неговите срамни навреди за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кого го нарекол идиот. 

-Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДСM и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци – рече Мицевски на денешната прес-конференција во Собранието.

Според него, ова е говор на уценет човек и ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница.

Реклама

-Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар?, рече Мицевски.

Притоа потенцира дека координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудува говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.