Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Минчев од Рим: Законите се донесени, сега следи најважниот чекор, нивната целосна имплементација

Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат – порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило, потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република.

Ова партнерство, како што информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, пред се е инвестиција во луѓето кои ја носат јавната администрација. Затоа, важен дел од соработката ќе биде насочен кон воспоставувањето и развојот на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, институција преку која ќе создадеме услови за континуирано стекнување нови знаења, унапредување на вештините и градење професионална и компетентна администрација.

Минчев, се вели во соопштението, нагласил дека за Македонија овој Меморандум е особено значаен бидејќи е насочен кон зајакнување на професионалните капацитети на администрацијата и создавање систем во кој развојот на административните службеници ќе биде постојан и системски процес.

Реклама

-Токму затоа, една од клучните области на соработката ќе биде воспоставувањето и развојот на нашата Академија за професионален развој и обука на административните службеници. Сакаме да изградиме систем во кој административниот службеник постојано ќе учи, ќе се усовршува и ќе има можност стекнатото знаење да го претвори во подобри резултати во својата работа. Крајната цел се подобри услуги за граѓаните – изјави Минчев.

Италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило, посочил дека процесот на проширување на Европската Унија, кој се темели на заслуги, бара и силни и професионални јавни администрации засновани на принципот на заслуги, како во земјите кандидати, така и во земјите членки на Европската Унија.

-Подготвени сме да го споделиме искуството од реформите што ги спроведовме во последните години, од дигитализиран процес на вработување, преку обуки, до Законот за заслуги. Италија цврсто го поддржува европскиот пат на Македонија, а квалитетот на јавната администрација е еден од неговите темели – порача Зангрило.

Во рамки на посетата, министрите одржале и билатерална средба на која, како што информираат, разговарале за тековните реформи во јавната администрација, можностите за размена на италијанското искуство и експертиза, како и за конкретизирање на идните активности во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои управувањето со квалитет, иновациите во јавниот сектор и Партнерството за отворена власт. Двете страни се договорија во наредниот период да се дефинира и првата програма за заеднички активности за 2027 година, со која ќе се операционализира соработката предвидена со Меморандумот.

За Министерството за јавна администрација, се вели во соопштението, соработката со Италија е дел од традиционално добрите и пријателски билатерални односи меѓу двете земји и претставува нивно конкретно продлабочување во област од особено значење за европската интеграција на Македонија. Италија е силен поддржувач на европскиот пат на Македонија, а размената на искуства и институционалната соработка во реформата на јавната администрација се важен придонес кон изградбата на професионални, ефикасни и европски ориентирани институции.