Во Собранието попладнево почна 123. седница која по утврдување на дневниот ред е прекината, а пратениците продолжија со работа по 105. седница за која во моментот е даден еден час пауза на барање на координаторката на Европски фронт Рина Ајдари.
Ајдари му забележа на претседателот на Собранието Африм Гаши дека не ги водел пленарните седници согласнно Деловникот, а претходно го поддржа барањето на Скендер Реџепи на дневен ред на 123. седница да биде ставена точка за Предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.
Претседателот на Собранието појасни дека резолуцијата е на дневен ред на 85. пленарна седница и дека кога ќе бидат создадени услови ќе биде закажана седница и разгледана поднесената резолуција.

