Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

Реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024–2027, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024–2027, како и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди биле во фокусот на разговорите на средбата на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со италијанскиот амбасадор на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје.

Заменик-министерката, како што се вели во соопштението на МЕП, ги презентирала реализираните реформи и приоритетите за следниот период, истакнувајќи дека институционалната посветеност и конкретните резултати се од особено значење за напредокот во процесот на европска интеграција.

Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на соработката и за искористување на искуствата и експертизата на Италија во областите релевантни за реформската агенда.

Реклама

На средбата била потврдена заедничката определба за продолжување на отворениот дијалог и институционалната соработка во интерес на европската перспектива на Македонија.