Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Привремено „смирување“ на депонијата Буково со земја и механизација, сè до изградбата на регионалната „Новаци“

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата поднесен од пратеници од опозицијата пред матичната собраниска Комисија

Пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика беше образложен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика беше образложен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од пратеници од опозицијата. Поради одржување на закажаната пленарна седница, претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, по образложувањето на Предлог-законот, ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи во текот на денот, за што дополнително ќе информира. 

Предлогот, го образложи пратеничката Јована Тренчевска.

Тренчевска, меѓу другото, рече дека зголемувањето на минималната плата е потребно поради растот на трошоците за живот и како што рече намалувањето на животниот стандард. Таа кажа дека сегашната плата од 26.000 денари е недоволна за потребите на семејствата, и се повика на податоците на Државниот завод за статистика за стапката на сиромаштија која изнесува 21,9 проценти. 

Реклама

– Неопходно е да има и вонредни мерки, како што е вонредно покачување на минималната плата, а не „слепо“ придржување до одредена методологија која е добра во мирни времиња, во времиња кога нема криза-рече Тренчевска.

Таа во образложението ја спореди македонската со минималните плати во  земјите во регионот, укажувајќи дека, според неа, платите таму се повисоки и рече дека повисоките плати би можеле да придонесат младите и другите работници да останат во државата.

Предлог-законот, како што образложи Тренчевска, предвидува и финансиска поддршка за работодавачите при зголемувањето на платите.

– И самите работодавачи ќе кажат дека сакаме да имаме повисока плата за нашите работници, меѓутоа ни треба поддршка од Владата, од државата. Токму затоа во овој предлог-закон е ставена финансиска поддршка, како што беше во минатото и го користеа работодавачите – рече Тренчевска.