Со еден златен и два бронзени медали се закитија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ од Охрид на 14. Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, што од 26 до 29 септември се одржа во Приједор, Босна и Херцеговина.
Златниот медал во категоријата „туристички аранжман“ го освоија Андреа Билбилоска, Марија Башеска и Вероника Петроска, под менторство на Катерина Тодороска.
Бронзени медали освоија учениците во дисциплината „готварство“ и тоа Габриела Ѓореска, Викторија Илијоска и Никола Краљевски со ментор Војо Ангеловски, како и во дисциплината „угостителско послужување и бармен“ – Христијан Јованоски, Кристијана Вељаноска и Леонид Велески, под менторство на Марјан Радески.

На натпреварот учествуваа десет училишта од поранешните југословенски републики.
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2027 ќе биде градот Радовљица во Словенија.

