Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

ВРЕДИ: Арачиново го избра развојот – стадионот ќе се изгради

ВРЕДИ ќе застане во поддршка на реализацијата на секој проект и инвестиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ ќе застане во поддршка на реализацијата на секој проект и инвестиција што носи развој за Општина Арачиново и за нејзините граѓани. Она што се случи на градилиштето на стадионот на Шкендија не е само оштетување на неколку машини. Тоа е обид да се нападне проект кој го симболизира развојот, инвестициите и подобрата иднина за Арачиново – се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Со децении, граѓаните на Арачиново чекаа ветувањата да се претворат во конкретни дела. Денес, кога тоа се случува, кога машините се на терен и стадионот почнува да ја добива својата форма, некој се обидува развојот да го претвори во страв и пречка.

ВРЕДИ заедно со Даут Беќири е јасен во своите определби: развојот не се запира со оган, вандализам или закани. Истовремено, им порачуваме на граѓаните на Арачиново: не дозволувајте стравот да ве врати назад.

Реклама

Затоа што овој стадион не е само градежен проект. Тој е доказ дека и Арачиново заслужува инвестиции, современа инфраструктура и можности за своите млади. Со години, од граѓаните се бараше да чекаат. Денес веќе не им се бара да чекаат – денес се гради.

И токму затоа, нема враќање назад. Со ВРЕДИ Арачиново нема да остане заробено во минатото. Арачиново избра да оди напред, а стадионот на Шкендија ќе биде изграден.