Делегација на студенти на постдипломски студии на Колеџот на Европа – кампус во Тирана од Одделот за европска трансформација и интеграција денеска ќе го посетат Собранието на Македонија.
Собраниската прес-служба соопшти дека тие ќе имаат средба со претседателот на Парламентот, Африм Гаши, а потоа и со Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, претставнички на Мешовитиот парламентарен комитет.

