Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Прв академски час на УКИМ – почнува студиската 2026/2027 година

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.

На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Реклама

Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата академска година. 

На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23 400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.

Од оваа академска година УКИМ има и ново раководство предводено од староновата ректорка  Биљана Ангелова, која на изборите во мај доби нов тригодишен мандат (15 септември 2026 – 15 септември 2029). 

Пред две недели Ректорската управа за мандатот 2026-2029 избра нови проректори – проф. д-р Соња Топузовска – проректор за настава, проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска – проректор за наука, проф. д-р Иван Чорбев– проректор за меѓународна соработка и проф. Лазо Пендовски – проректор за финансии, инвестиции и развој.