Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони од областа на образованието и културата, кои ќе се разгледуваат по скратена постапка.
Пред пратениците во рамки на 105. седница е Предлог законот за ратификација на изменувањето на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство, трговија и соработка од 26 јануари 2026 година за изменување на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.
На дневен ред на 123. седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог законот за изменување на Законот за педагошката служба, Предлог законот за изменување на Законот за бирото за развој на образованието. Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија, на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, на Законот за матичната евиденција, на Законот за државните награди и на Законот за државните награди.

