Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Во Скопје StartUp Revolution AI Summit со учесници од над 50 земји

Стартапи, инвеститори, AI лидери и иноватори од регионот и светот од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стартапи, инвеститори, AI лидери и иноватори од регионот и светот од денеска до 4 октомври ќе учествуваат на StartUp Revolution AI Summit во Скопје, на кој се очекува присуство на повеќе од 2.000 учесници од над 50 земји.

Во рамки на самитот, организиран од Startup Club Skopje, ќе се одржи и глобалната иницијатива „Hack for Humanity“, која ги поврзува AI заедниците ширум светот со цел создавање решенија за реални локални предизвици. Настанот во Скопје се организира со поддршка на INOVA и Women in Tech Macedonia.

На „Hack for Humanity“ ќе учествуваат програмери, дизајнери, претприемачи, студенти, истражувачи, професионалци, креативци и други заинтересирани граѓани, кои во тимови ќе работат на предизвици поврзани со технолошката писменост, пристапноста, вработувањето и други прашања од значење за локалната заедница. За учество не е потребно претходно искуство во хакатони, ниту готова идеја.

Реклама

-Не мора да бидеш програмер Hack for Humanity е настан за секој што сака да придонесе. Добредојдени се програмери, дизајнери, претприемачи, студенти, истражувачи, професионалци, креативци, експерти од различни области, но и сите кои имаат идеја, проблем што сакаат да го решат или едноставно сакаат да научат и да бидат дел од нешто ново. Не е потребно претходно искуство во hackathon-и, ниту пак да имате готова идеја. Потребни се љубопитност, желба за соработка и интерес да создадеме нешто што може да има вистинско позитивно влијание – се вели во најавата.

Глобалниот „Hack for Humanity“ обединува 130 AI Collective поглавја во 50 земји. Во Скопје, учесниците ќе имаат три часа за развој на идеи и создавање AI прототипи, по што ќе ги презентираат своите решенија пред жири. Најдобрите проекти од глобалните настани може да добијат можност да бидат претставени и преку глобалниот newsletter на AI Collective, кој има повеќе од 300.000 претплатници.

-Со нетрпение чекам да видам што ќе се случи кога на едно место ќе ги собереме луѓето, нивната креативност и потенцијалот на вештачката интелигенција, со јасна цел – да создадеме нешто добро за нашата заедница. Верувам дека решенијата што ќе произлезат од Hack for Humanity нема да бидат само резултат на еден ден работа, туку поттик за понатамошно користење на технологијата за добро и за создавање уште поголеми позитивни промени. Ги повикувам сите креатори – без разлика на нивното искуство или професија – да се пријават. Верувам дека ова ќе биде незаборавно искуство, но и можност заедно да покажеме колку многу можеме да создадеме кога технологијата ја користиме со вистинска цел и изјавила Моника Ризовска Таневска, одговорна за AI Collective заедницата.

Од AI Collective заедницата посочуваат дека целта е технологијата и потенцијалот на вештачката интелигенција да се насочат кон создавање решенија што ќе имаат позитивно влијание врз локалната заедница.