Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Октомвриска програма на Кинотеката: во фокусот јубилеи на македонски филмови

Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија ќе опфати македонски филмови кои оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија ќе опфати македонски филмови кои оваа година одбележуваат јубилеи од премиерите и кои оставиле белег во историјата на македонската кинематографија.

Како што соопшти Кинотеката, октомври ќе биде „своеобразен филмски архив, во кој минатото не стои неподвижно“ и секој од јубилејните филмови „носи трага од своето време, но со секое ново гледање добива и ново значење“.

Во октомври ќе бидат прикажани јубилејните филмови: „Солунските атентатори“ на Живорад Жика Митровиќ (65 години) и неговиот филм „До победата и неа“  (60 години);  „Македонски дел од пеколот“ на Ватрослав Мимица и „Црно семе“ на Кирил Ценевски (55 години); „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо (50 години); филмовите на Столе Попов – „Црвениот коњ“ (45 години) и  „Среќна нова ’49“ (40 години);  „Самоуништување“ на Ербил Алтанеј (30 години); „Прашина“ на Милчо Манчевски и „Одмазда“ на Јан Хинтенс (25 години);  „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски (15 години); „Ослободувањето на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија, „Златна петорка“  на Горан Тренчовски и „Џган“ на Вардан Тозија (10 години).

Реклама

-Посебен омаж е посветен на Атанас Ацо Петровски, еден од пионерите на македонската кинематографија и прв директор на Кинотеката на Македонија. По повод 25 години од неговата смрт, програмата ги враќа неговите документарни филмови „Велигденски обичаи“ (1954), „Галичка свадба“ (1955) и „Дервиши“ (1955) – дела особено значајни затоа што камерата ја претвора традицијата во документ, а обичаите во визуелно сведоштво. По повод 80 години од раѓањето на Метo Јовановски и 35 години од „Тетовирање“, на програмата е и овој култен филм на Столе Попов. На самиот крај на месецот, 65 години од „Мирно лето“  и 20 години од смртта на Димитрие Османли претставуваат можност да се потсетиме на едно од темелните дела на македонската кинематографија. Како прв македонски игран филм во жанрот на комедијата и прв македонски долгометражен филм режиран од македонски автор, „Мирно лето“ има посебно место во историјата на домашниот филм. Ќе биде прикажан и „Како лош сон“ (2003) на Антонио Митриќески, филм што отвора сложен дијалог меѓу Балканот и Европа, меѓу сопствената слика и сликата што Другиот ја создава за нас, наведува Кинотеката.

Покрај јубилеите од македонски филмови, октомвриската кинотечна програма е дополнета и со Денови на кинескиот филм, швајцарски, француски и германски филмски програми.