Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Состанок на Министерството за односи меѓу заедниците и експерти за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Претставници на Министерството за односи меѓу заедниците и тематски експерти одржаа состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Министерството за односи меѓу заедниците и тематски експерти одржаа состанок за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032 со Акциски план.

-На состанокот беа разгледани целите, приоритетните области и мерките што ќе бидат опфатени во новиот стратешки документ. Шефот на Кабинетот и координатор на процесот, Шпенд Мурати, го презентираше текот на подготовката и значењето на придонесот на експертите во изработката на сеопфатна стратегија, усогласена со потребите на општеството, соопшти Министерството.

Посочува дека целта на сратегијата е унапредување на интеркултурниот дијалог, зајакнување на општествената кохезија, еднаквоста и учеството на сите граѓани во општествениот живот, како и промовирање на меѓусебното разбирање и почитување меѓу заедниците.

Реклама

Во рамките на Акцискиот план ќе бидат утврдени конкретни активности и индикатори за периодот 2027–2032 година, заедно со механизмите за нивно спроведување, следење и евалуација.

Стратегијата ќе ја изработи Министерството за односи меѓу заедниците, во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, со професионална и техничка поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства во Хаг.